Порано немало село без гајдаџија

Гајдата била исклучително распространет и еден од најчесто употребуваните инструменти во Македонија, која имала големо влијание во одржување на автентичната вокална, инструментална и играорна традиција. Во записите е забележано дека во еден период во Скопје се споменуваат само двајца мајстори гајдаџии во еден дукаќан, татко и син. Во Прилеп пак, пред Втората светска војна имало дури шест гајадаџиски дуќани.

Овие податоци се дел од ризницата во Музејот на Република Северена Македонија, со чија соработка пренесуваме содржини за да ја претставиме богатата материјална и духовна култура на македонскиот народ и музеолошката дејност.

„Гајда или мешница е народен музички дувачки инструмент составен од мев (мешина) изработен најчесто од козја, а поретко од овча кожа поврзан со три цевки за дување и свирење. Богатото музичкото културно наследство во Македонија се негува и пренесува со генерации преку изработувачите и свирачите на народни музички инструменти во градовите и селата. Во минатото во секое село постоел човек кој изработувал гајди и воедно бил еднинствениот кој знаел да свири на овој инструмент“, велат кустосите од Музејот.

Гајдаџиството се негувало како индивидуалана вештина во селата. Со миграцијата на релација село – град, гајдата, како и останатите народни музички инструменти (кавал, тамбура, ќемене, тапан, дудуче, шупелка и др.) се пренесуваат и во градските средини, постепено заземајќи рамноправно место покрај инструментите применувани во градската музичка традиција. Многу мајстори кои немале свои дуќани инструментите ги изработувале дома. Гајдаџиствето сè уште се негува во одредени региони во Македонија.

Линк до оригиналната содржина.

Фото: Архива на Музеј на Република Северна Македонија

Сподели