Погледнете го трејлерот на „Te Dua, жими мене“ – комедија што граничи со сатира на режисерот Марјан Гавриловски

„Te Dua, жими мене“ е независен филм работен во 2019 година, а на 21 септември ќе има премиера во киното „Синеплекс“ и ќе продолжи да се прикажува на редовен кинорепертоар. Станува збор за комедија која граничи со сатира и раскажува приказна за тројца другари кои стануваат дел од криумчарење на дрога трудејќи се да ја вратат купената жена од Албанија назад. Филмот е во режија на Марјан Гавриловски, а сценариото го потпишува Никола Кузелов. Позади оригиналната музика стои Валентин Видовиќ, а зад камерата Александар Карпузовски.

Главните ликови ги толкуваат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ, а играат и: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Мирсад Абази, Талија Настова, Елдин Широки, Исмаил Касуми, Надица Петрова, Сара Спиркоска, Ангела Димитрова и Флакрон Алиу.

Оригиналната музика во трејлерот со кој се најавува филмот е на Мишел Трајковски, изведувана од него лично, како и Џамбо Агушев, Благојче Трајковски, Иван Кукиќ и Дејвид Демир.

Сподели