Во Националниот музеј на Унгарија во Будимпешта денеска во 15.30 часот ќе биде отворена големата изложба Attila. Horizons of Memory, во чии рамки ќе бидат изложени и артефакти од Македонија. Ќе бидат претставени наоди од богатиот гроб пронајден во Таранеш, Дебарско. Изложбата ќе биде отворена за јавност од утре до 31 јули. Потоа тие ќе бидат вратени во Македонија. На изложбата ќе бидат претставени повеќе европски музеи со делови од нивните доцноантички збирки.
На отворањето ќе присуствуваат директорката на Археолошкиот музеј во Скопје, Магдалена Манаскова и археологот м-р Радомир Ивановиќ и конзерватори.
Ќе бидат претставени различни артефакти – накит, предмети од секојдневниот живот. Од богатиот инвентар што бил пронајден во доцноантичкиот гроб од Таранеш, село Селокуќи, Дебарско. Гробот го пронашол археологот Милан Ивановски во 1982 година во доцноримски гроб на локалитетот Таранеш.
Повеќе информации на линкот.





