Украинските поети Тетјана Ѕјуба и Сергиј Ѕјуба се претставени со книгите „Приспособување кон времето“ и „Љубов со водената вила“ кои на македонски јазик ги издаде „Макавеј“. Двата наслова се објавуваат во единствена книга. Препевот на македонски јазик го направи познатата македонска писателка и преведувачка Вера Чорниј Мешкова. Поетското претставување на тандемот Ѕјуба претставува избор од нивното најмаркантно поетско творештво кое се создава во изминатите децении и е преведено и препознатливо во европски и во светски размери. Сергиј и Тетјана Ѕјуба во моментот се меѓу најрепрезентативните претставници на современата украинска поезија во својата земја, во југиоисточна Европа и во европски и светски размери.
Нивни книги се преведени во педесетина држави, а се удостоени и со најзначајните украински книжевни награди и со признанија во Германија, Канада, Италија, Белгија, Србија, Бугарија, Македонија, Романија, САД, Полска, Франција, Русија, Белорусија, казахстан, Шпанија, Австралија, чешка, Австрија, Виетнам и Киргистан. Книгата ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk.





