Поетско-музички перформанс на стихови од Тихомир Јанчовски со музика компонирана од Зоран Тортевски ќе биде изведен утревечер во 20 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Стиховите се од последните две поетски книги на Јанчовски – „Пристоен предлог“ и „Пеколот е мало место“, а композициите на Тортевски се правени како музички илустрации за песни од овие две збирки.
Вовед ќе даде Тања Аждаја, а стихови ќе читаат авторите на музиката и стиховите. Пет песни ќе бидат и испеани во интерпретација на Зоран Тортевски. Визуелното осмислување е на Владимир Лукаш, а ќе се обрати и Душко Крстевски.





