Поетско-музичка вечер „За тебе љубов моја“ во Гевгелија

Поетско-музичката манифестација „За тебе љубов моја“ ќе се одржи по 21. пат вечерва во 19.30 часот во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија. Жената и годинава ќе се чествува со стихови и музика.

– Оваа вечер е посветена на верната гевгелиска публика, која 21 година верува во нас, верува во љубовта кон музиката и стиховите и нè инспирира да продолжиме и натаму. Сите овие години, ние сме како едно семејство, заедно се радуваме, заедно споделуваме среќни и тажни моменти, а секој еден отпеан стих и напишана песна е нечија судбина, ваша и наша –  вели Даниела Џишева, професорка по македонски јазик, која заедно со својот колега Тони Аврамов, преку Здружението „Од станица до граница“, и годинава ќе ја организира оваа поетско-музичка вечер.

Низ годините на манифестацијата учествувале бројни уметници од гевгелиско. Започната како настан на кој ќе се промовира роднокрајното творештво, манифестацијата денес е репрезент на убавиот пишан збор и ноти рецитирани и пеани од професори, лекари, архитекти, работници, од сите оние кои ја почитуваат и негуваат литературата и музиката.

Сподели