Во малата сала на Народниот театар во Гевгелија вечерва во 19 часот ќе се одржи поетско-афористична вечер со поети и афористичари од Гевгелија, Велес, Струмица и Штип. Ќе настапат поетите: Стефчо Стефанов, Жаклина Атанасова, Олгица Ќурчиева, Димитар Арнаудов, Томе Таушанов и Кирил Кангов од Гевгелија, Лили Арсова и Јасмина Горгиева од Велес и Марија Брндевска од Струмица.
Покрај поезија, на настанот е предвидено читање афоризми од: Љупка Цветанова од Штип, Ацо Георгиев и Ристо Филчевски од Струмица, како и Атанас Крлевски и Димитар Вилазорски од Велес.
Читањето ќе биде поделено во два круга по една песна и по 10 афоризми во секој круг од секој автор. Вечерта ја организира библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија.