„Поема на атомите“ од Благојче Петровски во Офицерски дом

Во Офицерскиот дом во Битола вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Поема на атомите“ од Благојче Петровски. Изложбата е инспирирана од древната поезија на Руми, легендарниот поет и мистик од 13 век, кој во својата поема пее за атомите како израз на љубовта и прoчистувањето. Историјата и мудроста се споени во современиот јазик на слика, создавајќи мост помеѓу вековните стремежи на секој човек и денешниот свет.

– Живеењето во современиот свет, посебно последниве декади е познатo и како време на хроничен и мултидимензионален стрес. Во времето кога фреквенциите на стрес и негативност преовладуваат, кај сите нас на различен начин се појавува потребата за извор на нивно прочистување и обнова. Таквата потреба наоѓа израз во овие дела на оваа изложба насловена како „Поема на атомите“ кои верувам и се надевам дека придонесуваат кон амортизирање на тежината на нашето секојдневие – вели Петровски.

Сподели