Поддршка на женското претприемништво – се одржа првото Халк матине

Женската финансиска независност и рамноправност беше во фокусот на првата забава Халк матине што се пдржа во Three Kitchen & Bar. Целта на настанот бепе поддршка на женското претприемништво и финансиската независност на жената. Пред присутните беа презентирани промотивниот пакет на Халкбанк наменет за жени претприемачи, новите дизајни на бизнис-картички за жени Mastercard и креациите од втората едиција на „Фустани со џебови“. Инспиративни беа разговорите со Јана Клопчевска, Александра Бела Белчева и Ивона Трајановска. Тие ги споделија личните претприемачки искуства, предизвиците и успесите во водењето на сопствените бизниси.

Уникатните креации – фустани со џебови на македонските модни креатори Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Наталија Терзија и Марјан Бебекоски беа изложени и достапни за продажба, а сите собрани средства ќе бидат донирани во интервентниот фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Останатите фустани, кои се дел од оваа донациска активност, сè уште може да се погледнат и да се купат на: https://portret.digital/product-category/shop/.

Сподели