Осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал Winter Apricots во Прилеп е закажано за 12 до 14 декември. За таа цел, за да може фестивалот да се реализира, организаторите покренаа кампања на Kicktarter за поддршка.
Секој може да донира и секоја една донација е мал дел од Winter Apricots 2023, велат тие.
Фестивалот содржи филмски проекции, музика, разговори, промоции. Фестивалот го организираат Дарко Ѓорѓиески, архитект од Прилеп и италијанската кинематограферка Елена Мелончели. Нивната средба пред неколку години при посета на Мелончели како волонтер во Македонија, била и почеток на идејата за фестивал.





