Поддршка за старите занаети во Скопје

Скопските занаетчии може да се пријават за субвенции во Град Скопје. Во рамките на поддршката на старите занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот за супвенции може да аплицираат занатчиите: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија.

Од буџетото на Град Скопје издвоени се 500.000 денари, а секоја одобрена апликација ќе биде субвенционирана со 10.000 денари. Право на учество имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година и регизтрираните занатечии. Повеќе информации на линкот.

 

Сподели