Со подарување книги и рози во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, денеска во 12 часот ќе бидат одбележани светските денови на книгата и на авторското право и интелектуалната сопственост (23 Април и 26 Април). Присутните ќе ги поздрави в.д. директорката Јелисавета Костадинова и шпанскиот амбасадор во земјава, Хосе Луис Лозано Гарсија.

Ќе бидат прочитани пораките на генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле и на македонската порака од Анастасија Ѓурчинова. Библиотеката ќе работи со полн капацитет на гости, кои според каталонскиот обичај ќе добијат книга и роза.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.