Почнува пријавувањето за натпреварите по хемија

Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија објави дека почнува пријавувањето за годишните натпревари по хемија. Тие ги покануваат учениците од основните и средните училишта да учествуваат на натпреварите по хемија, што со акредитација од Министерството за образование и наука ги спроведува СХТМ.

– Пријавувањето ќе биде отворено во втората половина на јануари. Општинските натпревари ќе се одржат онлајн во училиштата на 24 февруари, а регионалните и државниот во текот на мај – велат од СХТМ.

Повеќе информации на линкот.

Сподели