Водителот и естраден новинар Зоран Василевски – Фаци, почина утрово, по подолга борба со рак. Тој неколку години се бореше болеста.
Зоки важеше за еден од најдобрите, но и најпровокативни естрадни новинари во Македонија. Кариерата ја почна во дневниот весник „Вест“, а потоа работеше како водител на естрадниот магазин „Фаци“ во А1 телевизија, од каде што го доби и прекарот кој го следеше цела негова кариера.





