Почина Шенон Доерти – Бренда од „Беверли Хилс“

Почина познатата американска актерка Шенон Доерти, за генерациите што растеа со хит-серија „Беверли Хилс“, омилената актерка – Бренда. Доерти ја изгуби битката со ракот на дојка, со кој се соочуваше од 2015 година. Имаше 53 години.

– Со голема болка потврдувам дека актерката Шенон Доерти почина. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста – изјави нејзиниот публицист Лесли Слоун за магазинот People.

Доерти преку ликот на Бренда беше олицетворение за бунтовни млади девојки. Таа се појави во 111 епизоди пред да ја напушти серијата на крајот на четвртата сезона, по извештаите за конфликти со другите членови на актерската екипа, особено со Џени Гарт.

Кога серијата беше рестартирана уште два пати, Доерти се врати како Бренда во 2008 година во заживувањето на „90210“ за една сезона и последователното оживување на „BH90210“ во 2019 година.

Доерти играше на филмското платно од мали нозе. Една од последните серии и беше магичната фантазија Charmed.

Сподели