Во 78-година од животот, денеска почина доајенот на Турскиот театар, Мустафа Јашар. Тој е роден е на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работи како актер во Турскиот Театар Скопје. Учествувал во многу филмски и телевизиски проекти и одиграл повеќе од 100 улоги во турскиот театар.
Претставите како ,,Алиш” 1974, „Дервиш и смрт” 1976, „Лудата Емине“ 1984, „Јунус Емре” 1991, „Хамлет” 1995, „Азизнаме” 2005 , „Куќа на граница” се само неколку од неговите познати претстави.
Дел од неговите награди се: Награда за најдобра машка улога „Стоби“, награда за најдобар актер „Војдан Чернодрински“, награда за најдобар актер на годината „Кутлук Вели“ и многу други.