Во 75-та година од животот, утрово во Тетово почина академскиот сликар Александар В. Настески. Тој беше и еден од истражувачите на карпестата уметност на Шар Планина. Член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 1977 година, Настески реализира повеќе од 30 самостојни изложби во земјава и странство и учествуваше на меѓународни симпозиуми и изложби во Франција, Италија и други земји.

Александар В. Настески е роден на 19 август 1948 година во селото Зубовце, Гостиварско. Педагошка академија завршил во Скопје во 1968 година, а Академија за применета уметност во Белград во 1977 година. Беше член и на Здружението на ликовни уметници на Тетово, а редовно изложуваше свои дела со двете асоцијации.

Во октомври 2021 година во Уметничката галерија во Тетово беше организирана ретроспективна изложба со која одбележа 50 години творештво. Минатата година Градот Тетово му ја додели наградата „13 Ноември“  за животно дело.

Повеќе за творештвото на Настески, прочитајте на следниот линк.

Погребот ќе се изврши утре (20 јануари) во 13 часот на православните гробишта во Тетово.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.