По тешко боледување и борба со канцер, на 65 години во Мелбурн почина познатиот македонски композитор Тоде Новачевски.
– Со голема тага во нашите срца ја споделуваме тажната вест дека нашиот татко Тоде Новачевски почина. Тато, иако те нема, никогаш нема да бидеш заборавен. Почивај во мир – напиша вчера неговиот син Филип Новачевски.
Новачевски беше синоним за најпопуларниот сестрински дует Маријана и Росана и за нив ги создаде најголемите хитови. Роден е на 1 септември 1956 година во Битола.
Тој се потпиша на безвременски хитови од македонската музика. „А од љубов не се бега”, „Ако не исчезнам”, „Признавам”, „Има една судбина”, „Трст виа Скопје”, „Свири ми брате цигане“…