Почина големиот јапонски композитор Руичи Сакамото

Јапонскиот композитор и продуцент Руичи Сакамото почина на 71 година, објави денеска неговото семејство. Големиот композитор почина на 28 март,  две години откако повторно му бил дијагностициран рак на дебелото црево.

Сакамото беше еден од најважните современи композитори кој за своето творештво ги имаше добиено најголемите награди – Греми, БАФТА, Оскар. Почнал да учи компонирање на 10 години. Тој беше еден од основачите на групата „Јелоу меџик оркестра“ во 1978 година, чии синтисајзерски иновации извршија големо влијание врз техно попот и хип хопот. Сними и 19 соло албуми.

Азиската музика имала силно влијание врз Клод Дебиси и Дебиси оствари големо влијание врз мене, истакна тој во 2010 година.

Сакамото напиша музика за повеќе од 100 филма и серии. Освои „Оскар“ и „Златен глобус“ за „Последниот кинески цар“ во 1988, како и „Греми“ наредната година.

Неговото здравје се влоши во 2014 година кога му беше дијагностициран рак на грлото.

Фестивалот „Скопје синема сити“ му ја додели наградата за животно дело во 2018 година.

Сподели