Почина Чарли Вотс, легендарниот тапанар на „Ролинг стоунс“

Со огромна тага соопштуваме дека почина нашиот сакан Чарли Вотс. Тој почина во болница во Лондон мирно, опкружен со своето семејство. Чарли беше сакан татко и сопруг, член на „Ролинг стоунс“ и еден од најдобрите тапанари на неговото време – соопшти денес портпаролот на Вотс.

Тој беше член на „Стоунси“ од основањето од 1963 година до крајот на животот.

Чарлс Роберт Вотс е роден на 2 јуни 1941 година. Учел за графички уметник, почнал да свири тапани во лондонски ритам и блуз клубови, каде ги запознал Брајан Џонс, Мик Џегер и Кит Ричардс. Во јануари 1963 година им се придружил на „Ролинг стоунс“, а во исто време им бил и дизајнер на нивнити плочи и сценографии за турнеи. Тој, заедно со Џегер и Ричардс учествувал на нивни студиски албуми. Не криеше дека џезот многу му влијаел на стилот на свирење.

Во 2006 година, Вотс беше избран во Алејата на славните „Modern drummer“, а истата година „Венити фер“ го избра за листата на меѓународно најдобро облечен во Алејата на славните. Списанието „Ролинг стоунс“ го смести на 12-то место на 100 најголеми тапанари на сите времиња.

Насловна фотографија: Јутјуб (NME)

 

Сподели