„Почивај во мир драг Боки“. Со овие зборови членовите на рок групата „Рибља чорба“ се простија со фронтменот Борисав Бора Ѓорѓевиќ, познат како Бора Чорба, кој почина денеска во Љубљана од сериозна компликација предзизвикана од пневмонија. Имаше 71 година.
Борисав Бора Ѓорѓевиќ е српски писател, поет, актер и рок музичар и фронтмен на бендот Рибља чорба. Роден е на 1 ноември 1952 година во Чачак. Младоста ја поминал во Белград, а последните години од животот ги поминал во Љубљана.
Со музика се занимавал од својата тринаесетта година. Членувал во многу бендови во Чачак и во Белград. Од 1978 година е фронтмен на „Рибља чорба“, со која снимил 20 студиски албуми за повеќе од четири децении, а објавил исто толку снимени концерти и компилации.
Бендот „Рибља чорба“ важи за еден од најзначајните рок бендови од овие простори. Нивните албуми се продадени во повеќе од половина милиони примероци, а имале голем успех и во странство. Одржале бројни концерти во Америка и Австралија, а нивните најголеми хитови добро ги знаат и помладите генерации.
Бора објавил и десетина книги, а неговата стихозбирка „Пустински остров“ ја доби наградата Оскар „Иво Андриќ“ во 2018 година.
Фото: Принсткрин / Извор: Јутјуб