Со цртаниот филм „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“ Кинотеката од денеска ја започнува својата програма „Кино утро“. Анимираниот филм во режија на Никола Чикос, ќе биде прикажан во три термина – од 12, 13 и од 18 часот. Филмот трае 40 минути, а гласовите ги позајмуваат: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски и Сашка Димитровска. Влезницата е 150 денари. Филмот ќе биде прикажан до 18 јануари.

Вечерва од 19 часот на програмата ќе биде анимираната комедија „Каламити Џејн“ во режија на Реми Шаје. Филмот беше претставен во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година. Дејствието се случува во 1863 година во САД. Во конвој упатен кон Запад со надеж за подобар живот, таткото на Марта Џејн се повредува. Таа треба да го предводи семејниот караван и да се грижи за коњите. Токму тогаш започнува една опасна авантура полна со средби низ кои ќе дојде до израз храброста на Каламити Џејн.

Повеќе за програмата прочитајте на линкот.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.