Почнува 59. Струмичка ликовна колонија

Петнаесет ликовни уметници од земјава и од странство ќе учествуваат на 59. Меѓународна ликовна колонија која од денеска до 15 август ќе се одржи во Струмица. Уметниците ќе творат во просториите на Уметничката галерија во Струмица. Колонијата ќе биде свечено отворена денеска со изложба на избрани дела од досегашните учесници.

На уметничкиот собир ќе творат искусни сликари до земјава Хрватска, Чешка, Србија, Црна Гора, Бугарија. Последните години поради пандемијата на колонијата учествуваа само сликари од Македонија.

Во рамките на колонијата ќе се организира мозаичката работилница, која е основана пред 29 години од академик Газанфер Бајрам кој работи во состав на колонијата. Новосоздадените дела ќе бидат изложени на 11 септември, Денот на ослободувањето на Струмица.

Сподели