Сојузот на математичари на Македонија по 7. пат ја организира Есенска математичка школа наменета за основци од 4 до 9 одделение и за средношколците од цела држава.
Годинава предавањата на школата ќе бидат во три дела – тематска настава, олимписка математика за јуниори и олимписка математика за сениори.
Предавањата ќе се одржуваат во саботите во текот на октомври, ноември и декември во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Предавачи ќе бидат универзитетски професори по математика, истакнати наставници по математика од основните и средните училишта и поранешни натпреварувачи на олимписките натпревари по математика. Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест за тематската настава ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.
Повеќе информации на линкот.
Фото: СММ / Од минатогодишната Есенската математичка школа





