Во чест на Меѓународниот ден на математиката, 14 Март, Сојузот на математичари на Македонија организира математички државен електронски натпревар „Пи-ден 2025“. Може да учествуваат сите основци и средношколци. Натпреварот ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите. Од СММ објаснуваат:
– 1 до 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 16 март.
– 6 до 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 16 март.
– прва до четврта година и 18+, има пристап до системот во 14 часот на 16 март.
Натпреварувачите може да се пријават на ЛИНКОТ и трае до 12 март 2025 година до 23 часот и 59 минути.
За учество на натпреварот се плаќа котизација од 100 денари која треба да се уплати до 13 март на сметката на Сојузот на математичари на Македонија / Жиро сметка: 300000001276071, депонент на Комерцијална банка АД (со назнака „Котизација за „Пи-ден 2025“).
Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех. Во конечниот пласман ќе има влијание и времето за кое се испратени одговорите на задачите.
Пример за изгледот на дел од задачите на натпреварот може да видите на линкот.





