Замина ликовниот уметник Таки Павловски, соопшти Друштвото на ликовните уметници на Македонија, каде Павловски беше член 56 години.
– ДЛУМ и македонската ликовна сцена изгуби голем сликар, мајстор во својот виртуозен ликовен идентитет. Имаше ведар лик исполент со добрина и голема емпатија кон луѓето – вели претседателката на ДЛУМ, Јана Манева-Чупоска изразувајќи сочувство до семејството.
Таки Павловски е роден во 1939 година во костурското село Желино. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 година престојувал во Париз како стипендист на француската влада, а во 1995 и 1990 година престојува во македонското ателје во Париз.
Член е на ДЛУМ од 1967 година. Има реализирано мноштво самостојни изложби во земјава и странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и е добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и Гран при на ДЛУМ, Зимски салон (1992) и Награда за сликарство 11-ти Октомври (1998).
Фото: ДЛУМ





