Почина поетесата и преведувачка Линдита Ахмети

Почина Линдита Ахмети, реномираната поетеса и преведувачка од албански на македонски јазик. Имаше 50 години. Родена е на 26 април 1973 година во Призрен. Се школувала на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што живееше. Нејзините песни се објавени во многу списанија на албански и на македонски јазик. Има објавено неколку збирки песни на албански јазик, меѓу кои и збирките: „Малини и блуз“, „Островот Адулар“, „Божилак“ и други. На македонски јазик ѝ се издадени збирките песни: „Камена месечина“, „Син сон“, „Призивање во април“, „Утрешните монети“. Нејзините дела беа преведени и на бугарски и на полски јазик. Добитничка е на наградата „11 Октомври“ за 2022 година.

Насловна фотографија: Министерство за култура

Сподели