По 15 милиони денари за долгометражните филмови на Игор Алексов и Сабедин Али

Режисерите Игор Алексов и Сабедин Али ќе добијат по 15 милиони денари за да ги снимат долгометражни филмови, одлучи Агенцијата за филм. Алексов конкурираше за проектот „Тајната на голиот рид“ на „Сити стар продукција“, филм што ќе се снима според сценариото на Гоце Цветановски, а Али – за „Паркот“ во продукција на „Визиони плус“, а по сценарио на Хакив Мулики.

Сцена од „Лена и Владимир“, првиот долгометражен филм на Алексов, чија премиера се очекува во 2022

Во вториот рок на одлучување на конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм аплицираа вкупно 53 проекти, од кои 35 долгометражни и 18 краткометражни. Ќе се снимаат и шест краткометражни проекти од кои 4 играни филма и по еден документарен и анимиран.

Игор Алексов

Вкупниот буџет за поддршка на овие проекти изнесува 50.550.000,00 денари.

Сцена до „Националност, религија или љубов (Берн, Берн)“

– Управниот одбор го продолжи рокот за аплицирање на овој конкурс со цел да даде доволно време за одлучување и запазување на сите процедури при изборот на најдобрите филмски проекти од кои очекуваме успешна реализација. Верувам дека сите 13 проекти кои ги поддржува Агенцијата на овој конкурс, ќе бидат еднакво квалитетни, како во последните четири години и со тоа ќе ги продолжиме големите успеси на македонската кинематографија – изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

На следниот линк можете да ги видите вкупните резултати.

Сподели