Со доделување признанија на пензионирани професори и на научни здруженија, на Природно-математичкиот факултет во Скопје вчера беа одбележани 75 години од основањето на факултетот. Плакетите им беа доделени плакети во знак на признание и благодарност за успешна соработка и унапредување на дејноста на Факултетот.

Пред присутните се обратија деканот проф. д-р Александар Скепаровски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф д-р Никола Јанкуловски. Потоа беа промовирани магистрите и најдобрите дипломирани студенти.

Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) е едно од здруженијата што добија плакета. Во име на СХТМ, признанието го прими претседателот, проф. д-р Зоран Здравковски. Тој се заблагодари на сите членови за дадениот придонес кон успешноста на СХТМ, од самиот почеток до денес и искажа благодарност до ПМФ за соработката и севкупната поддршка, без којашто реализацијата на дел од активностите на здружението би била невозможна.

Плакета доби и Друштвото на физичарите на Република Македонија. Во отсуство на претседателот проф. д-р Ламбе Барандовски признанието го прими проф. д-р Ирина Петреска, член на Управниот одбор на ДФРМ.

Одликувано со плакета беше и Македонското географско друштво, во знак на признание и благодарност за успешната соработка и придонесот во развојот на научноистражувачката дејност и промоција на Факултетот. Признанието го прими проф. д-р Свемир Горин, секретар на МГД.

ПМФ

Во вториот дел од свеченоста бе апромовирани дипломираните студенти на соодветните институти. На 16 декември 1946 година, на Природно-математичкиот оддел, кој заедно со Историско-филолошкиот оддел го сочинувале Филозофскиот факултет, започнала работата на прватависокошколска установа во, тогаш, Народна Република Македонија. Настава се изведувала на катедрите за математика, физика, хемија, биологија, географија и етнологија. Тоа бил првиот факултет кој започнал да изведува настава на македонски јазик по Втората светска војна. Формирањето на Факултетот било од непроценливо значење и потреба во тоа време, бидејќи конечно биле остварени идеалите за основање на македонска педагошка академија, пишува на интернет страницата на ПМФ.

Насловна фотографија: ДФРМ

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.