Планинарење до манастирот Матејче организира Здружението на планинари и заштита на планината „Козјак 2013“ од Куманово. Планинарњето го организираат традиционачно во чест на 11 Октомври, а ќе се одржи во недела (8 октомври).
– Оваа година го избравме манастирот Матејче како наша дестинација за да може да учествуваат што поголем број граѓани без разлика на нивното планинарско искуство. Заедно ќе совладаме висинска разлика од 700 метри. Патеката е долга околу 18 километри и таа е во категоријата средно тешка – велат организиторите.
Поаѓањето е од Куманово (од кај Жмара на бул. „Октомвриска револуција“) во 7.30 часот со организиран превоз. Поашањето е во 8 часот од селото Матејче. Ќе има организиран бесплатен автобуски превоз, но бројот на места е биде ограничен. Пријавувањето е најдоцна до четврток (5 октомври) во 12 часот. Повеќе информации на линкот.





