Јапонскиот филм „План 75“ (2022) во режија на Чие Хајакава ја доби наградата „Златен був“ на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал кој беше затворен завчеравечер. Освен наградата од жирито во Официјалната селекција на долгометражен филм, „План 75“ги освои и гласовите на публиката. Во овие изминати осум дена, Кинотеката беше свртилиште на вистинските филмољупци, а фестивалот зад себе остави возбудлива енергија и поттик за филозофско естетки размислувања, и нови филмски соништа.

– „План 75“ исполнува три услови што го прават многу избалансиран и солиден филм: неговиот кинематографски стил е во дослух со најдобриот јапонски филм, од Јасуџиро Озу до Хироказу Кореда; филозофските проблеми од морална природа што ги поттикнува на соодветен начин, и, нешто многу важно, капацитет да се движи и го оддржува љубопитството; да допре до гледачите, а тоа е крајната цел на филмот, да биде виден и вреднуван од јавноста – пишува во вели во одлуката на жирито составено од професорите Елизабета Шелева, Луис Мартин Ариас од Шпанија и Нил Кенеди од Ирска.
Во Официјалната селекција на краткометражни филмови, наградата „Златен Був“ ја доби филмот „Гробишта на коњи“ (2022) од Џјанг ‘Шјао’шјуен. Специјалната наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ жирито ја додели на филмот „Те молам, потруди се“ (2022) од Даниел Соариш.

– По визионирањето на извонредниот избор од 15 кратки филмови одлучивме собено да ги издвои овие два филма, во однос на нивниот филозофски јазик развиен според нивните соодветни филмски форми и естетика. Филмот „Гробиштата на коњите“на Џјанг ‘Шјао’шјуен на многу разумен и трогателен начин, предизвикува силно филозофско размислување за мајчинството, духовноста и поврзаноста на луѓето со постоечките биолошки, еколошки и метеоролошки системи што ги опкружуваат. Филмот пак „Те молам, потруди се“ е извонредно достигнување на филозофски филм во однос на неговиот социјален аспект, со многу оригинален мизансцен – пишува во одлуката.
Наградата „Златен Буф“од страна на публиката во оваа конкуренција отиде во рацете на Тепо Ајраксинен и филмот „Ќебенцето“ (2022).





