Kонтактот на човечкото битие со вишите сфери на убавината, отелотворена во поезија, но и почит на иновацијата на Брајовото писмо кое годинава одбележува два века е инспирацијата на ЗООТРОП студио да го создаде промотивното видео на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата. Фестивалот ќе се одржи од 22 до 26 август. Автор на плакатот е дело на графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика. Музиката за видеото е фрагмет од Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“ од шпанскиот композитор Хоакин Родриго.
Плакатот и промотивното видео го илустрираат мотото на годинешното издание на Струшките вечери на поезија, „Допир на убавината“.
– Со ова мото сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик кој овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на Убавината, отелотворена во поезија. Но исто така, сакаме да оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку тактилноста и рељефноста на Брајовото писмо преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата – велат од СВП.