„Метаморфози и еволуција – скопјани и топлификација“ е насловот на новата уметничка акција посветена на проблемот со парното греење во Скопје. Групата пингвини кои се шетаат низ Скопје ги претставуваат скопјани кои се соочуваат со сè поладни радијатори во своите домови со што нивните домовите наместо станови заличуваат на поларни куќарки.

– Со оваа акција исто така сакаме да ги предупредиме скопјани што се затоплуваат со централно парно греење дека сè поизвесно е дека од утре заради немањето гас на топлификација и заради кавгите на релација Град Скопје – Влада – БЕГ – Регулаторна комисија е можно парното во нивните домови на овие температури под нулата да биде слабо или да го нема, а тие да се чуствуваат како пингвини – велат активистите.

Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на Центарот за современи уметности и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.