Данскиот музички состав „Ефтеркланг“ денеска во 14 часот ќе одржи концерт на отворено во „Јавна соба“ во Скопје. Настанот е замислен како пикник-концерт.
„Ефтеркланг“ е дански бенд составен од три пријатели од детство – Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг. На 27 септември 2024 година го објавија нивниот седми студиски албум насловен Things We Have In Common со што ја започнаа својата светска турнеја.
Документарниот филм, “Efterklang: The Makedonium Band” во режија на Андреас Јонсен во кој копродуцент беше и Младинскиот културен центар беше премиерно прикажан на фестивалот “CPH:DOX” во Копенгахен, додека домашната премиера беше во рамките на минатогодишниот филмски фестивал Синедејс. Билетите за концертот може да се набават на веб-страницата bileti.drugastrana.mk.





