Концерт посветен на диригентот Саша Николовски-Ѓумар ќе се одржи вечерва во 20 часот во големата сала на Филхармонијата. Како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, а диригент е Вања Николовски-Ѓумар. Пред концертот во фоајето на Филхармонија ќе биде отворена и изложба на дела од Саша Николовски -Ѓумар, кој освен диригирањето што му беше професија, имаше пасија и кон сликањето и пишувањето.
На програмата на концертот се две дела од рускиот композитор Сергеј Рахмањинов – Концерт за пијано и оркестар број 3 и „Симфониски танци”.
Повеќе за концертот на следниот линк.