Петчасовната „Валкира“ од Рихард Вагнер на Мајски оперски вечери

Петчасовната опера во три чина „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет ќе биде изведена денеска во Националната опера и балет во рамките на Мајски оперски вечери. Претставата почнува во 18 часто и ќе трае до 11. Диригент е Еван Алексис Крист, а режисер – Пламен Карталов. Настапуваат: Томас Хол (Вотан), Маријана Цветкова (Фрика), Мартин Илиев (Зигмунд), Ангел Христов (Хундинг), Гергана Русекова (Брунхилда), Цветана Бандаловска (Зиглинда), Станислава Момекова (Халмвига), Силвија Тенева (Oртлинда), Љубов Методиева (Герхилда), Ина Петрова (Валтраута), Елена Механџиска (Зигруна), Цветa Сарамбелиева (Росвајса), Александрина Стојанова-Андреева (Гримгерда) и Весела Јанева (Швертлајта).

Настапуваат и балетските уметници Богомил Менкизе, Георги Банчев, Теодор Воденичаров, Георги Аспарухов, Иван Шопов Дејан Иванов, Дарио Јовчевски, Иван Георгиев, Захари Георгиев и Оркестарот, хор и балет на Софиската опера и балет. Сценографијата е на Ханс Кудлих, костимографијата е на Христијана Михалева-Зорбалиева, а кореограф е Риолина Топалова.

Сподели