Вкупно 16 медали беа доделени на третиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“ што се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Резултатите ги објави Сојузот на математичарите на Македонија. Во категоријата сениори златен медал освоија: Никола Спировски, Блаже Суклевски и Дамјан Давков.
Сребрен медал освоија: Јан Стојановски, Давид Ставров, Емилија Николовска и Алексиј Тасиќ. Марија Атанасова, Јасна Илиева и Ивона Зикова освоија бронзени медали.
Во јуниорска категорија, со златни медали можат да се пофалат Сара Тошевска и Марко Серафимовски, сребрени освоија Илина Арсовска и Дамјан Стојанов, а Марио Ванчоски и Нина Ламева – бронзени.