Во последните месеци во издание на „Паблишер“ од печат излегоа пет нови несекојдневни наслови. „Капе времето“ и „Место за бегство“ – две збирки поезија од докажаните поетеси Виолета Танчева-Златева и Вања Изова Велева, еден роман за животот од авторот и преведувач Ивица Челиковиќ со наслов „Ден за одмазда“, збирката драми под наслов „Страв“, што е првенче на младиот автор Стефан Миленков и дебитантскиот научно-фантастичен роман „Овириум“ на Агрон Усеини.

Виолета Танчева-Златева и Вања Изова Велева се веќе препознатливи по својот авторски израз, особено по лиричноста на стихот и неконвенционалните метафори, а Ивица Челиковиќ по современите приказни за универзалните проблеми на човекот. Стефан Миленков храбро и на неповторлив начин го најавува својот влез во книжевноста преку прекрасни, современи и мудри драми податливи за театарската сцена, а Агрон Усеини уште на прва страница освојува со невообичаената фабула и нарација.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.