„Песна за една врана ненаспана” од Сузана Георгиевска – најдобра на конкурсот „Тоде“

За „Песна за една врана ненаспана”, Сузана Георгиевска од Прилеп е добитничка на првата награда од Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски. Втората награда ја доби Јана Стојаноска, ученичка во средно образование, од Охрид, за песната „Оглас на Инстаграм”, додека третата ѝ припадна на Слаѓана Ставрева, за песната „Сватови зеленчуковци”. Трите наградени песни од Конкурсот, ќе бидат објавени во 9. број на електронското списание (е)Лит, што го објавува здружението „Креативна верига“.

Конкурсот го распишува Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“.
-На конкурсот пристигнаа 103 песни, отпеани на високо рамниште и со воедначен квалитет, исткаени на современ начин и со впечатлив израз, со изобилство на стилски фигури, чиста лексика и чист поетски израз напомена“, рече Зоран Јакимоски, член на жири-комисијата, чиј претседател беше Виолета Танчева-Златева.

Славе Ѓорѓо Димоски

Песни од Тоде Илиевски, поет, енигматичар, сатиричар, преведувач, автор кој остави трајни прочитаа основци од Охрид. На публиката и се обрати и Мерсиха Исмајлоска од „Креативна верига“.

– Тоде го пееше светот во неговата вкупна густина – бои, мириси, растенија, природа, добрло, зло… Неговото дело, и за возрасни и за деца, е симболичен израз и поетска дефиниција на животот, која целосно одговара на перцепцијата на различните афинитети и старосните нивоа на читателите – изјави поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

Најмладата учесничка на конкурсот, Јана Сиљаноска, од Здружението за литература и култура „Мацково” доби покана да учествува на 6. Балкански поетски камп за млади и деца „Ванчо Николески”.
Настанот го подддржа Општина Охрид.

Фото: Општина Охрид

Сподели