Перформансот „Мозаик“ на кореографот Мурад Мерзуки во чест на 50 години Француски институт и крај на 20. „Танц фест“

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, го организираат гостувањето на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024.

По огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година во рамките на „Танц фест“, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ се враќаат во Скопје со нивниот најнов танцов спектакл „Мозаик“.

На настанот збор ќе се обратат: Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција, Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје и Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

Во текот на изминатите триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата кореографија.

Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен, поетски и визуелен.

Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот.

Во 2022 година, откако го завршува мандатот на раководител на Националниот кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предлага танцов приказ на неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да изведат извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело, и кои за првпат ќе бидат изведени на сцена.Насловот на ова дело е „Мозаик“.

Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“, во суштина ги содржи најдобрите точки од неговиот репертоар, а во истиот Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

Всушност, тој поведен од желбата ште повеќе да ѝ се доближи на публиката, го овој единствентанчерски перформанс. Со петмина изведувачи на сцена, ова кореографско „универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се прилагоди на било каков тип на сцена, како на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории кои не се исклучително танцови сали.

Сподели