Перформансот „Confutatis – од што се направени хероите?” на авторот Велимир Жерновски, ќе биде изведен на Европското номадско биенале „Манифеста 14“, синоќа во Црвената сала на Младинскиот центар во Приштина. Авторскиот проект на Жерновски е работен во соработка со колективот „Трисомија 21“ од Скопје, „Колектив Ветерница“ и музичарите Јоана Ристеска и Филип Митров. Кураторскиот концепт и текстот се на Натали Р. Павлеска.
Општата рамка на концептот поставена од главната кураторка на ова биенале Кетрин Николс, претставува предизвик за истражување и генерирање нови практики и начини на колективно раскажување на приказните. Водејќи се од ова, перформансот „Confutatis – од што се направени хероите?” се обидува релевантно и ангажирано да одговори, поставувајќи сложена синтагма на ритуалот и преминот наречен оплакување, преку реконтекстуализација на митскиот топос како место за телесно изведување на постполитичките простори, покренуваќи прашања за политиките на моќ и херојството во современото општество, имено, зошто некои ликови биле направени херои, а други не?