„Пејте со нас“, „Сестри“, „Истерувачи на духови: Наследство“… во кино „Милениум“

Пет нови филмa од светската кинематографија денеска се на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје. Детскиот „Пејте со нас“ во режија на Гарт Џенингс е од 13 часот, два часа подоцна следува „Истерувачи на духови: Наследство“ на режисерот Џејсон Рајтмен.

„Човек-пајак: Нема пат до дома“ на Џон Ватс е на репертоарот во 17 часот. Македонскиот наградуван филм „Сестри“ во режија на Дина Дума, ќе биде прикажан во 20 часот, а во 22 часот ќе следува „Почеток на притаено зло: Ракун Сити“ на Јохан Робертс.

Билетите по цена од 200 денари се достапни на билетарница во кино Милениум. Цената се однесува на сите филмови, освен детските („Пејте со нас“) чија цена изнесува 150 денари.

 

Сподели