Патека од мозаик во Паркот на франкофонијата (Галерија)

Паркот на франкофонијата во Скопје е разубавен со патеки од мозаик што ги изработија деца и граѓани. Работилницата ја предводеше ликовниот уметник и едукатор Доротеј Нешовск, а ја организираа Центарот за современи уметности од Скопје со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија и логистичка поддршка на Општина Центар.

Во работилницата беа вклучени граѓани од сите возрасти кои креираа градинарска патека од мозаик што е поставена во Паркот на франкофонијата.

Фото: Центар за современи уметности

Сподели