„Медиумската саморегулација во С. Македонија: Неопходно зајакнување на механизмите и унапредување на ефективноста“ е насловот на панел-дискусијата која ќе се одржи денеска во 11 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, а ја организира Македонскиот институт з амедиуми.
Настанот ќе го отвори шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, а во дискусијата ќе учествуваат претставници на сите активни и релевантни саморегулаторни тела: Советот за етика во медиумите, Советот на честа при ЗНМ, Етичката комисија во рамки на јавниот радиодифузен сервис МРТ и на медиумскиот регулатор – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На панел-дискусијата ќе биде претставено истражувањето подготвено од истражувачите на МИМ, кое се фокусира на клучните етички документи и ги анализира капацитетите, предизвиците и добрите практики што произлегуваат од работењето на релевантните механизми во оваа област, особено во дигиталното опкружување.





