По повод Меѓународниот ден на жената, во Јуроп хаус Скопје в понеделник (10 март во 12 часот) ќе се одржи панел-дискусија на тема „(Fe)male Effect: Her Story, Her Path, Her Power“. Настанот ќе отвори важни теми за предизвиците со кои се соочуваат жените кои својот професионален живот го посветиле на образованието, науката и културата и со својата работа и ангажман го менуваат општеството.
Модератор ќе биде Ана Зафирова. Ќе се обрати Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија.
Ќе учествуваат: Кристина Василатоу, заменик-шеф на мисија во Амбасадата на Грција во Скопје, д-р Маја Бојаџиевска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Драгана Стикова, ко-основач и директор на фондацијата „Кантарот“ и менаџер на платформата „Наука за деца“ и Маргарита Арсова, културен продуцент и проектен менаџер во Младинскиот културен центар.
Настанот е наменет за средношколки и студентки кои за време на интерактивната сесија ќе имаат можност да се вклучат во дискусија и да поставуваат прашања.





