Панел-дискусии за иновативен пристап кон јавниот простор и музеите

Две панел-дискусии се планирани денеска во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на работилница на тема: „Зачувување на местото и просторот на маргинализираната припадност преку културата, наследството и уметност – Истражување и анализа на улогата на културното наследство и уметноста“.

За 11 часот е закажан панелот на кој ќе се дискутира за иновативен пристап кон јавен простор. Панелисти се Петер Драгоев (Топлоцентрала, Софија), Леа Вроман и Карол Дебук (Тоестанд, Бирсел), Лука Кнежевиќ-Стрика (Магацин, Белград), Артан Садику (Јадро Асоцијација на независната културна сцена, Скопје) и Јасмина Билаловиќ (КСП Центар – Јадро, Скопје). Дебатата ќе ја модерира Класке Вос (Универзитет Амстердам, Амстердам).

Од 14 часот е панелот за иновативен пристап во областа на наследството и музеите. Ќе дебатираат: Иво Круг (Тек Бункери, Тирана), Флака Беќири (ЕЦ Ма Ндрише, Приштина, Призрен), Ивана Васева и Филип Јовановски (Факултет за работи што не се учат – ФР~У, Скопје) и Ирена Ружин (Завод и музеј Битола, Балканска музејска мрежа). Модератор е Ана Жувела (ИРМО, Загреб). Следува јавна тркалезна маса со сите панелисти. Настанот е организиран од Хера Хуманитарни науки во Европската истражувачка област ХЕРА, Културно наследство без граници Албанија, Универзитетот Амстердам и Локомотива, Скопје во соработка со МКЦ.

Сподели