Изложба „Париски рефлексии“ во петок ќе биде отворена во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Ќе бидат претставени дека од основоположниците на македонската современа уметност: Димитар Пандилов Аврамовски, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски и од автори од втората и третата генерација македонски едуцирани уметници во дела се чувствува влијанието на Париз: Томо Владимирски, Борко Лазески и Лена Стефанова.

– Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност. Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20 век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските поуки стекнати во регионалните Универзитети и Академии за ликовни уметности – велат од Националната галерија на Македонија.

Изложбата воедно ќе даде пресек на самиот развој на модернизмот во македонската уметност од почетокот на 20 век и преодот од фреско-живопис и иконопис, кон уметност на световни мотиви.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.