Овации за светската премиера на „Вера сонува за морето“ во Венеција

Копродукцискиот игран филм „Вера сонува за морето“, соработка помеѓу Косово, Албанија и Македонија, завчера ја имаше својата светска премиера на големиот фестивал од А-категорија во Венеција. Премиерата беше проследена со овации и честитки, велат од македонската Агенција за филм, што го поддржа ова остварување.

„Вера сонува за морето“ е прв долгометражен филм на Калтрина Красниќи. Во деновите на фестивалот, филмот има дури девет проекции.

Македонски продуцент на филмот е Огнен Антов од „Дрим фектори“. Двете главни улоги во филмот ги толкуваат Теута Ајдини Јегени, првенка на Албанскиот театар во Скопје и Рефет Абази, а од Македонија на филмот работеа и: монтажерот Владимир Павловски, дизајнерот на звук Дарко Спасовски, Игор Поповски снимател на звук, Иван Ѓоршев, како гафер и многу други…

 

Сподели