Отворени повици за програми на фестивалот „Браќа Манаки“

Три повици се отворени за дел од програмите на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола. Заинтересираните студенти и искусни професионалци може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови на повикот кој ќе биде отворен до 26 јуни.

44. издание на фестивалот, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија, ќе се одржи во септември во Битола.

Повеќе информации поврзани со критериумите за аплицирање ќе најдете на веб страницата на фестивалот или може да се информирате на официјалната имејл-адреса на фестивалот – office@manaki.com.mk).

Покрај повикот за филмови, можете да најдете информации како да се акредитирате (имаме професионална, прес и друг вид акредитација).

Сподели