Отворени „Џифони филмските денови“, Леона Јариќ – прва гостинка кај младите џифонци

Со проекцијата на францускиот филм „Патешествието на Принцот“ вчера во Кинотеката започнаа „Џифони филмските денови“. Голем интерес предизвикува оваа програма, која има за цел да го најави новото издание на „Џифони Македонија“ и да ја одржува љубопитноста на младите за филмската уметност. По проекцијата на филмот, следеше дискусија што ја водеше Марти Али.

Следуваше работилницата „Филмска училница“, што ја водеше режисерката Марија Џиџева, а нејзина гостинка беше Леона Јариќ, која зборуваше за своите два нови кратки филма.

„Џифони филмските денови“ продолжуваат следната сабота и ќе траат сè до 11 јуни.
Giffoni Movie days се одржува со финансиска поддршка од Европската Унија, Europe House Skopje, Агенцијата за филм, а е во соработка со Кинотека на Северна Македонија, Амбасадата на Италија во Скопје и Филмскиот фестивал „Џифони“.